Втори јануари е ...две илјади и шеснаесеттата,
еден и четириесет и пет ,убав сончев ден,
некој патува...некаде...
Далај Лама е сеуште на ТВ,
се расте и со него старее,
како порака симбол
за борба која вечно трае,
на малите и обесправените,
Тематска венчавка во
стил на војна на ѕвездите,
од 60-те,
Вивалди безвременски на зимата
и ги поддржува нотите,
четирите годишни времиња
го започнуваат циклусот
кој вечно трае,
како и седумте дена ,
кои бесконечно се повторуваат во часовите.
започнуваат со понеделник,
а завршуваат со недела,
Штраус и неговиот Дунав син
на шпицата за Среќна Нова 2016
вчера, беше денот на Новогодишниот концерт
и Виенската филхармонија,точно напладне,
Џенис Џоплин,
46 години по смртта одлично се продава,
за милион и осумстотини илјади долари,
А кај нас свират, свират чалгиите,
се весело е ,
во времето и настанот
кој се повторува
како вредностите,
кои никој не ги заборава,
и војни, војни , насекаде,
расправата Америка вајс Русија,
никогаш не се заморува,
на повидок е нова Студена војна,
и циклусот од 50 години ,
за кој дедо ми говореше,
чиниш вестите секоја нова година
со децении исти се,како и модата,
никој ништо ново не создава,
чиниш се веќе видено е, само ,
само
раѓањето, единственост е,
за да знаеме дека ,
да љубиш и да бидеш љубен, среќа е,
не - новогодишното честитање,
da го гледаш Dirty Dancing по којзнае кој пат
со насмевка, како, незаменливо доживување,
И само природата понекогаш
снег не ќе донесе,за да казнува или наградува,
врапче и гулаб на гранка се ниша,
чистачот измрзнат ги мете улиците,
држејќи го детето за рака, со насмевка,
на Втори Јануари 2016-та.
The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.