Се појавив од темнината , како зрак светлина,
за да ти ги вратам илузиите и соништата.
Рече Темнината и обзема се
во своето ништавило и Лажен сјај.
Никој не ја препозна.
Ден по ден, час по час, минута по секунда,
луда, студена,
Го затвори очите, ги прекри со
копрена, за да не се види светлината од
милозвучните зборови.
Како чума , ги разјаде,
оние малку детски соништа и илузии,
кои останаа.
Зеде се, релативно е она малку кое остана.
Наивните верувања и очекувања.
Јас сум овде да да го променам Вашиот свет, Таа рече.
Потопи, уништи, со виор однеси,одвеа.
Таа нареди!
Човечка топлина, во време на колера,
можна е по точно половина век, неколку месеци,
и денови без часови.
Злото, помало или поголемо, сепак е Зло.
Не верувај и на Темнината , не сакај ја како Светлина, кога доаѓа.
The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.