ЕСЕНСКИ РАСЦВЕТАН ДЕН

Дай първата оценка

Патиштата се гушнати од обезгранети елки

зрак како скалпел ги сече и им ја раздава

утринската летна есен на вервериците

природната коса на уличниот кловн е обелена од премногу забава

самотијата краде големи платна од кината

и се пришива себеси во отмените одела со кои

пешаците одат на работа

малите светлини полека заоѓаат во житните мелници

Земјата е натоварена на дирижабли што ѝја менуваат орбитата

плодовите се планети во дворовите

мислите се безбедно стационирани во привремен паркинг

налик хемисфера

и телото бира да жонглира на пешачки премини до црвеното светло

готски замоци со острите врвови го покажуваат патот на душата

кружните текови спокојно расцветале

есенски пасторали од шиените усти на фукарите

и ретките скитници

што ги горат оние делови од душата кои се отсјај на

небото во тебе.

 

07.09.18,

Бајона

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2024