ЕДЕН ДЕН, ОДАМНА СОНЕТ ДЕН…

Дай първата оценка

Сивилата на градот убав

понекогаш

недогорен сон се в очи на разгракани гаврани

размавтани налик пеперуги

што точат бели рува никнати од пена на водопад

и ги прават облаци за пак да го видиме детството

со очи што во лицето на остарениот поет ги читаат брчките.

Смисла втисната во мечти што личат на магли од ауспуси

откриваме секогаш кога ќе ѕирнеме подлабоко

и кога во насмевка ни цветаат усните

посегнати по чај во ветер

зовриен од мирис на далечни липи.

 

Откриваме сенки и вистини во пожолтеани насловни страници

болката е распослана по улиците на нашиот град

искршени од земјотрес

настанат од сиви и жолти автомобили што се тркаат со залезот.

Еден ден, одамна сонет ден

еден час незаборавен

небото ќе се симне да допре праволиниски погледи

во градскиот парк врнат точки со мирис на свежи лисја

што ги живееме среде есен од трепнежи.

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2024