Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.33   (9 гласа)
ко лик во книжевноста е втемелена во (и произлегува од ) постоењето на комплексни, но не секојпат видливи (манифестни) релации, примарно во рамките на семејството, а последователно и симболички трансферирани во другите различни сфери колективниот живот.

                   Тие во својата основа го тематизираат на проблематски начин прашањето за потеклото и припадноста кон татковината, инаку, на латински јазик, означена со зборот  Патриа ( во нам поблиските,  бугарски и руски јазик, позната како отечество, додека во соседниот српски јазик – како отаџбина).

                   Покрај тоа, во словенските јазици,  е воспоставена  уште и дополнителната терминолошка, симболичка и концептуална разлика, помеѓу сродните термини:

                       а) Отец - источник на се’ (Библија), генератор на припадност,

                                   трансмитер (Деус Патер)

                       б)  татко – семеен, биолошки родител

                       в)   Фалус – симболички татко / поредокот (Лакан)

                   Нашето истражување, како и обидот за типолошка согледба има свој посебен мотив и своја оправданост особено на Балканот – како културолошки простор, значајно предодреден од постоењето на предоминантно патријархално (и прилично патриотски одредено) општество.

                   Покрај оваа, културолошки воспоставена , патријахрална матрица, типична за  епскиот менталитет на Балканот, во воведнот дел од овој прилог, би сакала да укажам и на постоењето и  односот кон симболичкиот татко во книжевноста – олицетворен во самата книжевна традиција, поточно, во  ликот или ликовите на

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2025