Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 votes)
>                Тоа сознание, впрочем, се потврдува преку обновата на една парадигма, особено изразена во текот на последните две децении (и не само кај нас), содржана во интензивната потрага и чепкање по корените (преоткривање на сопственото потекло) – како и реартикулацијата на културниот идентитет.

                 Според мислењето на влијателниот руски теоретичар од областа на визуелните уметности, Борис Гројс, инаку, подолго време, самиот заминат и активен на Запад, ова се должи на парадоксалната постколонијална потреба, својствена  на источно-европските култури – за (нивно) воспоставување критичка дистанца кон машкиот и патронизирачки концепт на западот.

                 „Потрага по корените и културниот идентитет беше тренд кој започна во осумдесеттите години, во време кога источноевропската уметност стана дел од глобализираниот уметнички простор. Денес, ако ги погледнете сите аспекти на идентитетските политики на тоа време, сите доминантни процеси се однесуваа на анти-евроцентризмот. Сите сакаа да бидат постколонијални и, на овој или оној начин, сакаа да се дистанцираат од машкиот патронизирачки западен концепт.“

 

                     На тој начин, аргументирана и со актуелниот културолошки пресврт кон идентитетските политики, што го сведочиме денес во светот, темата на овој прилог, тријадно расчленета во светото единство на „отецот, патерот и таткото“ – се стекнува со поширока релевантност и актуелност, отаде приватните, или архетипските (на мигови, тривијални) наративи на семејноста  - кон колективните и епохално проникнати наративи на совремието, што (неочекувано) ги враќа во оптек или во живот, токму наративите на потеклото како стигма, судбина, потиснатост и угнетеност, како и ним соодветните,  татковски фигур(аци)и.

 

Користена литература

 

1.     Давид Алб

The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.

© PlovdivLit 2026