Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 votes)
ата во која тој умре.“ (Бледи сенки, далечни гласови, 2012:.84)

                    Патем, во делото на Дурацовски, односот на нараторот кон таткото е исто така претставен низ призмата на речиси, апсолутна разлика меѓу синот и таткото,  како што тоа претходно беше  случај и со новелата „Цинк“ од Албахари.

                         Покрај претходно споменатата група на проблематични (и во некоја смисла, дисфункционални) обрасци на татковско-синовски релации, во втората (кај нас, можеби, не толку голема) типолошка подгрупа, се вбројуваат книжевните фигурации  на татковци, кои, во искуственото или духовно созревање на своите синови и потомци , имаат одиграно позитивна или стимулативна улога, влијаејќи при тоа, исто така, и врз изборот и правецот на нивната подоцнежна, креативна дејност.

                Во оваа прилика, би ги издвоиле модалитетот на татко - библиофил и стратег на семејниот егзил, или,  татко –библиофил и благороден советник или креативен „гуру“ на синот (уметник).

 

1.      Таткото библиофил и духовен помошник, Хорацио Цвикало - Александар Прокопиев

 

                   Писателот Александар Прокопиев, кој првично се појави во македонската литература, во рамките на ткн. Петти круг – во својата проза уште од почеток ја вклучува метафората на Библиотеката, делумно, поттикнат од поетичкиот влог на Хорхе Луис Борхес, но, не помалку, и од сопственото биографско миље – и растењето покрај таткото - инжинер, страсно вљубен во книгите и мајката –професорка по литература.

<<< …15161718192021… >>>

The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.

© PlovdivLit 2026