Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 гласа)
ви знак за потполна разлика. Никогаш нема да бидам како тој човек“. „Тој човек, така мислев за него, зборовите „татко ми“ дојдоа многу подоцна, кога почнав да пишувам раскази.“ (Албахари: Цинк, 2003 : 58)

             Интересен и, веќе во самиот наслов, експлицитно поврзан со нашата тема, бездруго е и романот „Татко“ (2010 год), од култниот хрватски автор, Миленко Јерговиќ, овојпат засегнат од секојпат латентната прашалност на татковството како главен мотив не само на семејната, туку и на пошироката, колективна (авто)деструкција и милитантност:

            „Од тоа прашање почнува нашата целоживотна потрага по идентитетот, семејната и општествената историја...од прашањето кој му е таткото на детето ...почнуваат НОБ, петте векови под Турците, неколкуте српски востанија и хрватската селанска буна... Секогаш недоволно се личи на таткото.Таа сличност доживотно мора да се докажува“ (Татко, 2010 :7)

           Не помалку интригантен, по однос на контроверзната рокада на семејните улоги и позиции, е и штотуку објавениот роман В. Бајац – Хроника на сомнежот (2016 год) – исто така (опсесивно) поврзан со комплексната и трауматична релација на синот и таткото (кој, освен тоа, што е самохран родител, исто така, се наоѓа во нималку достојната улога на политички затвореник)

                    Отаде, нараторот, поставен во улогата да му биде „Татко на сопствениот татко“ – на својот грб, уште од мали нозе, мора да ја носи неволната и неприродна инверзија на семејните улоги и хиерархиски надлежности, поради присилното отсуство на таткото, а подоцна и неговата оправдана истрауматизираност од затворот. Отаде, синот е, всушност, заменски татко - кој, поради стекот на неповолни општествено-политички околности, предвреме морал да ја заземе позицијата на родителски супститут (и да стане заменик, или в.д. родител).

 

               4. Во четвриот дел од овој текст, се прави типолошко  разграничување на двата основни модалитети (разлики) во книжевните наративи, посветени на таткото.

                  Така, од една страна, се наоѓа

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2026