Комплексот на наследната вина, проклетството на потеклото или потеклото како проклетство самото по себе, но и потрагата по своите корени, по Домот (со големо д) – остануваат суштински показатели за поетскиот светоглед на Ѓузел. Поезијата за него не е идилична дејност, која се изведува, удобно завален „во скутовите“ на куќата, татко
Вината, и-сторијата. Напротив, поезијата е мачна духовна преобразба, себе-соголување до голото (рентгенско) дно, до она што биолозите со огромен респект денес го нарекуваат ДНК (базичен генетски запис) – кога драмата само на Еден човек, воедно станува драма на Сето човештво (како што отсекогаш и било).
„Мојата прва гимназиски незавршена проза/почнуваше со насловот „Како да се убие својот татко“ - ќе додаде Ѓузел, овојпат, активирајќи го, покрај семејниот, воедно и митско-архетипскиот мотив на таткоубиството, поточно Едиповиот злостор како ултимативна задача на творецот. Или, подобро, како индивидуална бунтовничка катарза, пред сеништето на секогаш-веќе мртвиот оти секогаш-веќе Виновен Татко.
1. &
Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.