Од друга страна, ги изделуваме оние наративи, кои се фоусираат врз самиот лик на таткото, неговата книжевна фигурација, дескрипција и карактерологија - претворајќи се, на тој начин, во „монографски“ приказни за таткото.
Тука, освен параметрите, што ги нуди ваквата базична типолошка распределба, врз основа на искуствените увиди, можно е да се приложи и нацрт за дополнителна типологизација на специфичните модалитети и книжевни фигурации на ликот на Таткото.
Првата (воедно и побројна) типолошка подгрупа ја сочинуваат ликови на, условно кажано, проблематични татковци и нивните книжевни фигурации, кои откриваат постоење на такви релации, што укажуваат на инсуфициентноста на татковата фигура во животот на детето, синот, семејството – а таа инсуфициентност се должи на повеќе објективни и субјективни, историски и/ли психолошки предизвикани чинители.Тука издвојуваме неколку модалитети, издвоени од сопственото читателско портфолио: отсутен татко, убиен татко, идеолошки прогонуван, опсесивно виновен татко, татко во затвор, автодеструктивен (суицидален) татко.
1. Убиен татко – Богомил Ѓузел (делегирана вина, татко-вина)
Мотивот на пра-родителскиот грев е индикативен и трајно проникнат во поезијата на Ѓузел "макар родени по грешка/гревот изговорен останува наш вистински татко“, каде се врзува за повеќе различни контексти, од кои библискиот е секако појдовниот и најуниверзалниот, но не и единствен. Во македонската поезија, тој&nbs
Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.