Овој прилог претставува антрополошко и компаративно втемелено толкување на еден универзален, антрополошки феномен и темелен образец – фигурацијата и односот кон Таткото, и пошироко - кон претците, потеклото, припадноста, татковината...што резултира со донесување на рамковна типологија на книжевните фигурации на таткото – извршена врз основа на неколку актуелни книжевни дела, од современата македонска, споредбено со дела од литературите, кои му припаѓаат пошироко, на регионот на Балканот.
Парадигмата на татковците низ историјата на литературата, почнувајќи од грчката трагедија на „Царот Едип“ , преку ренесансната драма „Хамлет“ или „Кралот Лир“, се’ до романот „Татковци и деца“ на Иван Тургенев, потем, бесмртниот расказ „Писмо до таткото“ од Франц Кафка, редица (филмувани) дела на бунтовничките американски писатели или нам регионално поблиската драма „Господа Глембаеви“ од Мирослав Крлежа, но и многумина други - се повеќе од речити примери, кои просто самите не’ повикуваат да навлеземе во растолкување на суштинските облици, својствени не само за препознавањето на нечиј, примарен семеен однос или пристап кон семејниот татко, туку и на пошироката, архетипска и симболичка релација, што ја градиме кон татковските фигури и супститути, како што се: татковината, потеклото, традицијата, културата итн. Можеби неслучајно, ваквата литература, во која често пронаоѓаме редица примери за психопатологијата на овој базичен однос, изразен преку претераната доминација и контрола на таткото, кој постојано нанесува нарцистички повреди (омаловажување и обезвреднување) на синот го сублимира она, што денес се смета за образец на дисфункционално семејство, па затоа и српскиот книжевен теоретичар Слободан Грубачиќ, оваа литература сликовито ја нарекува „книжевност на огорчените синови, презрени и потиснати“ ( или, просто запоставени, од страна на своите машки родители).
При тоа, важноста на таткото како книжевна тема или неговото присуство ка
Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.