Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 votes)
p;             „И покрај моето бегство, татко ми се всели во мене...Цел живот  бегаме од таткото, а всушност никогаш не успеваме да побегнеме. Не успеваме да побегнеме, ниту кога ќе биде мртов“(Андреј Николаидис, Син, 2012:33)

                    Кај А. Николаидис (чијшто личен биографски куриозитет е содржан во фактот, што неговиот сопствен татко е исто така познат писател, кој дури носи и исти, лични иницијали) не отсуствуваат ниту елементите од античката митологија (ликот на Сатурн, кој ги јаде своите деца, односно Хронос), проследена со „канибалска“ херменевтика во третманот на соодносот родители –деца.

                   „Родителите цел живот ги уништуваат своите деца, кои не им остануваат должни ине се откажуваат од одмаздата се додека не ги испратат своите родители во гроб.Секоја семејна куќа може да се претвори во касапница...“ (Александар Николаидис, Син, 2012:43).

                   И кусиот роман-новела „Цинк“, објавен во 1988 год., од страна на култниот српски автор (и претходник на пост-модернизмот), Давид Албахари е фокусиран токму на проблематичниот, овојпат, и постхумен однос на синот - наратор кон својот еврејски татко. Во него, се открива еклатантен пример, за постоењето на  ткн. „новела на психоанализата“ (Грубачиќ, 2015:124), олицетворена во сета амбивалентност и недокучивост, што ја содржи овој сложен однос, чија катарзична реализација и психоаналитички трансфер, стануваат достапни благодарение на самото уметничко дело.

              „Благодетта на смртта е во тоа, што некој конечно престанува да биде нечиј син: се слекува од тебе пердето и, барем некое време, одиш небаре светот да ти припаѓа само тебе“ (Албахари: Цинк, 2003 :33)  

              Самата интимизација  со таткото, неговото конечно присвојување и прифаќање како „свој“ родител – настапува благодарение , или, токму со посредство на писмото (приказната). Испишување на приказната за таткото како чин на (постхумна) реконцилијација со него!

              „Никогаш не постоеле, милував да помислам, татко и син помеѓу кои со толку сигурнот можеше да се поста

<<< …78910111213… >>>

The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.

© PlovdivLit 2026