„Јас попрво би бил морско коњче, отколку татко (Домашна змија,, 2016:21)...
Но, уште порадикален – при тоа, самоироничен, потресно интониран и амбивалентен – е суровиот исповеден параграф на синот, по повод смртта на татко му :
„Да. Да. Го сакав мојот татко повеќе од сите други, особено откако умре... Тој умре, за да ми го отвори патот и за да ме ослободи...Откако почина, станав поблизок со него“ (Домашна змија, 2016, 25-27).
При крајот од романот, овој, болно притаен, меѓугенерациски антагонизам, одново исходува во подбивен манир: „Натпреварот меѓу поколенијата секогаш завршува нерешено. Реми, татенце!“ (Домашна змија, 2016:164).
Токму во овој невралгичен и компликуван јазол, што ја одбива и и‘ се спротивставува на праволиниската интерпретација на односот кон таткото како неприкосновен патријархален авторитет и симбол, лежи и аргументот за спроведувањето на необично смелата инверзија, што ја прави психоанализата, по однос на прочуената „равенка“, искажана во светата книга на Евреите –Талмудот, дека : „Таткото е крал на човекот“. За разлика од тоа, психоанализата на Фројд станува позната (и, во медицинската литература, до ден денес оперативна), и не помалку еретичка хипотеза, дека, всушност: „Детето е татко на човекот“ (а не обратно, како што од прастари времиња порачувал, не само,Талмудот).
&nbs
The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.