Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 votes)
а потеклото и идентитетот (што самиот повеќекратно, на своја кожа, ја искусил, како син и жртва на насилно погубениот татко, инаку, во минатото, моќен и влијателен политичар).

                   „Зарем религиозната верба или потребата од религиозно убедување, не е само трансфер на Едиповиот комплекс, обид за помирување со татковската фигура, преку обожување на Бога, идеализираната фигура на таткото?“  - се прашува нараторот, кој, во ова дело, резигнирано констатира дека „треба да се носат гревовите на таткото“.

                    Мора да се прецизира и подвлече во овие рамки, аксиоматската природа на патрицидот, како норматив со конститутивна нужност за секоја единка (без истиот да биде сведен на индивидуално одредена, анегдотална варијабила). Во однос на тоа, постојат три основни модалитети на патрицид: реален, имагинарен и симболички патрицид (односно, таткоубиство). Во оваа прилика, како за нас посебно интересен и важен илустративен пример, што го потврдува симболичкиот патрицид – ќе го посочиме нихилизмот –  се’уште актуелното, интердисциплинарно движење, што ја обележува модерната философија, литература и култура (особено, рок и панк музиката и културата), со својот ривалски и негаторски однос кон авторитетот на претците, традицијата и поредокот.Ќе биде доволно, за потребите на оваа расправа, макар накусо да се потсетиме на култниот роман со индикативен наслов „Татковци и деца“ од основоположникот на книжевно втемелениот нихилизам, Иван Тургенев или пак на исто така култната за овие простори драма „Господа Глембаеви“ од Мирослав Крлежа и бесмртната реплика на бунтовниот (и блуден) син Леоне Глембај „Откако знам за себе, се борам против Глембаеви“.

                    Отаде, книжевно-критичката просудба на овие и вакви нихилистички модалитети, во односот кон таткото, отвора мошне комплексна низа дополнителни импликации: кои, имено, лежат во сознанието, дека односот (и, посебно, отпорот) кон таткото воедно станува индикатор и за распознавање на нечиј индивидуален однос кон самиот себеси, кон своето (семејно, етничко, културно) потекло, фигуративно кажано, кон сопствените, на еден или на друг начин, проблематични и/ли проблематизирани „корени“).

                      Во овие рамки, како посебно интригантен и занимлив пример, за

<<< …45678910… >>>

The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.

© PlovdivLit 2026