Макар што, според мислењето на Едгар Морен, феноменот на педократизација – или, (симболичко) владеење на синовите (вклучувајќи го во себе денес широко распространетиот култ на младоста), секако постоел и порано, истиот е понагласено присутен од средината на 50-тите години на 20 век, како дел од подемот на масовната култура, односно, сценското и медиумско „излегување“ и промоција на младоста, хипостазирана во ликовите на култните ѕвезди во музиката, филмот, литературата, модата, воопшто естрадата – чијшто сјај не потемнел се’ до денешни дни (Елвис Присли, Жан Лик Годар, Клод Шаброл,Франсоаз Саган, Ив Сен Лоран).
Во врска со тоа, занимливо е да го наведеме мислењето и на еден од ликовите во романот Последниот збор од Ханиф Курејши: „Западот се обиде во 60-тите години да го отстрани таткото, без оглед дали е авторитарен или не. Така, завршивме со, како што честопати љубезно укажувате, култура на самохрани мајки“ (Ханиф Курејши, Последниот збор, Или или, Скопје, 2016: 180)
3. Според Фројдовската, односно, овојпат психоаналитички втемелената проекција, односот татко - син се одвива низ динамиката и неотповикливоста на еден постојан, помалку или повеќе видлив (и доживотен) внатрешен конфликт, што се води во неспокојната душа и амбивалентна опсервација на синот, како раскажувач и/ли лик во романескната нарација
&nbs
The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.