Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 votes)
;  Имено, додека антиката ни соопштува еден базичен мит (приказна), во која синот (Едип) го убива својот Татко – дотогаш, христијанството – спротивно на тоа, ја втемелува приказната за таткото (Бог), кој доброволно го жртвува својот син (Исус, а пред тоа и Исак, синот на Аврам)

                 Од друга страна, психоанализата, како клучен херменевтички пресврт, во толкувањето на човекот од страна на хуманистичките науки од почетокот на 20 век, посегнува по таква проекција на овој, за секоја единка, фундаментален однос, што изгледа поблиско до античкото (митско), отколку до христијанското (религиско.)

                 Според Фројд – семејството во принцип, најмалку  е пример за  „семејна романса“ , тоа, напротив, е поприште на  редица базични (или, архетипски) прикриени антагонизми и конфликти, втмелени на меѓугенерацискиот судир (или, принцип), односно, неизбежното сочелување / совладување на Тотемот како

еволутивен принцип на идентификација (на помладите или

 „синовите“ со постарите или татковците)

                   Ова денес го потврдуваат и истражувањата на еволутивната психологија, според кои сите ние процентуално делиме само 50%

од нашите гени,со своите родители, браќа, сестри -што имплицитно значи, дека сме само половично (или, наполу) детерминирани од сопственото (генетско) потекло.

                   Обредното рушење на авторитетот на старото/стариот поредок, исто така, е забележано како регуларна практика, веќе во рамките на карневалскиот обред moccoli , на кого особено внимание  му укажува Михаил Бахтин – повикувајќи се на обредниот повик:”Sia ammazzato, il signore Padre”, при симболичкото гаснење на свеќите, што означува и „перформира“ токму смрт на стариот „татко“.

                Отаде, можеби, не е претерано ако се каже, дека градењето на личниот идентитет, во голема мера, претпоставува и се темели на принципот на раскол, расцеп – повеќе отколку на принципот на линеарен континуитет.

                 Во обид, да досегне до под

<<< …2345678… >>>

The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.

© PlovdivLit 2026