Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 votes)
лабоката причина и семејната етиологија на Едиповиот комплекс, Р.Жакарпосега по семејниот наратив на „таткото на психоанализата“ и одговорите ги бара во доменот на мета-биографското истражување . Жакар издвојува еден индикативен, иако, до сега, наполно занемарен детал, од личната биографија на Зигмунд Фројд: длабокиот засек/рез во односот на младиот Зигмунд и неговиот татко, а којшто се должи на чувството на стигматизираност, обележаност, различност – поточно, на самото нивно не-германско (та дури и не-европско, семитско) потекло!

                     Според мислењето на Жакар, тоа (разидување меѓу потеклото и средината) придонесува за појавата на двојна вина (поради неминовниот, интерен судир  помеѓу двете култури, односно, прикриениот еврејско-германски антагонизам). Младиот Фројд, слично и како и Кафка, поради своето не-хомогено потекло, кое стрчи во германската културна средина – во исто време, и на парадоксален начин, го осудува својот родител/предок – прво, заради тоа што е (Евреин, не-Германец) и , второ, заради тоа, што не е доволно (горд и самосвесен како таков, односно, Евреин) – (Р.Жакар, Фројд, 2000)

                   Потем, Жакар сведочи, дека, како последица од тоа,  погледот врз скулптурата на Мојсеј од Микеланџело, отсекогаш го ужаснувал Фројд: токму поради неизбежното соочување со тн. имаго на таткото (но, уште повеќе,и самата закана на смртта, што зрачела од оваа скулптура, како казна од страна на симболичкиот лик на суровиот татко).

                    Во однос на тоа, сосема е умесно и држи место аналогно заснованото толкување на Јулија Кристева (книжевен теоретичат и психотерапевт) и нејзината неортодоксна интерпретација на христијанството, според која - самото потиснување и одбивање на (Едипалната – заб. моја) желба да се усмрти таткото (поточно, да се спроведе нужноста од симболичкото таткоубиство - „патрицид“) – од своја страна, води кон настанок на меланхолија и депресија (односно, авто-агресија).

                  Во контекст на ова толкување, индикативен е примерот со романот „Играта, падот на небото“, (неодамна награден со признанието „Балканика“),  чиј автор Башким Шеху посега по продлабочениот,  антрополошки клуч, за појаснување на религиозната верба кај човекот, но и справување, со едиповската рана н

<<< …3456789… >>>

The PlovdivLit site is a creative product of "Plovdiv LIK" foundation and it`s object of copyright.
Use of hyperlinks to the site, editions, sections and specific texts in PlovdivLit is free.

© PlovdivLit 2026