Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 гласа)
nbsp;    Автодеструктивен, суицидален татко – Игор Исаковски

 

                Уште од своите први, младешки записи, Игор Исаковски останува препознатлив како радикално настроен автор, се’ до својот преран крај, доследен во својот бунтовнички настап, во своите изливи на непокор кон светот - таков каков што е – склон кон  лаги, преправања, лицемерие, површност

                  Тој зад себе остави и неколку впечатливи и незаборавни песни, во кои фигурира таткото како поетски лик  –  во кои преовладува суровото сеќавање за татковиот експлозивен крај, болната непомирливост со неговото заминување и парадоксалното, одложено соочување и прифаќање на неговата смрт, од страна на синот-поет. 

                                                 Одложено реагирање
заплакав три недели откако
го закопав татко ми
со Коко пиевме и славевме
стара нова година
во едно кафе помало од трафика

од некаде грмнаа труби

и тогаш тргнав да плачам...

<<< …12131415161718… >>>

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2026