најрадикални решенија и исходи – каква што е смртта сама по себе.
2. Отсутен татко – Димитрие Дурацовски
Основната нишка водилка во вториот роман на Димитрие Дурацовски „Бледи сенки, далечни гласови“ е архетипската фигура на Таткото . Тој плени и поразува, но останува „кафкијански“ доминантен, овојпат со својата (хипертрофирана), оти доживотна Отсутност. Така, покрај чувствата на тага и жал, што природно се очекува да ги побуди раната загуба и отсуството на „биолошкиот“ татко – нараторот ги споделува и чувствата на срам, инфериорност, напуштеност, безначајност и недоветност – кои навираат како трајна последица од отсуството на „архетипскиот“ и симболички татко, таткото-заштитник и најблизок, насушно потребен, духовен Соговорник ... Отаде, како мото на оваа книга е земен, нималку идиличниот извадок од филмот Incendies, каде се вели „детството е нож заглавен во грлото“
„И не сум слушнал друг збор за него освен – прекрасен човек, неверојатен,извонреден, голем.А тоа значи многу поинаков од тебе и подобар, се разбира. Ја живеам 36, ист
Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.