Отаде, како логична импликација или консеквенца се наметнува и следното прашање: дали, судејќи според аксиомите на психоанализата, всушност, секое семејство (а не само одделните, ноторни исклучоци) е, во помала или поголема мера, дисфункционално?
Но, тоа веќе навлегува во друга тема, за која ќе расправаме и на друго место и во друг текст!
На крајот на овој (не само лично обоен ) прилог, би сакала уште еднаш да подвлечам, дека истиот не настапува од гледна точка на историската поетика, односно генеза, туку од иманентно почувствуваната потреба – за
осознавање на една типологија на книжевните фигурации на таткото, или односот татко –син, особено, оние фигурации, какви што се забележливи и индиктивни за актуелните дела од регионот.
Отаде, самиот овој приказ бездруго останува отворен за дополнително вклучување и на други книжевни дела и примери, какви што, се на пример, филозофската студија „Егејци“ од Кица Барџиева Колбе, објавена во 2000 год (како сторија за раздоменоста и „вината на преживеаните“ бегалци), романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска (со ликот на инферирониот татко во сенка), дебитантскиот роман „Очи со боја на чевли од Петар Андоновски“ (психопатологијата на односот татко/воено лице со неговата ќерка) и други, кои, овојпат, не беа земени предвид.
Иако отпочнат од поинаква мотивација, овој прилог, покрај другото, не’ соочи со контроверзното сознание, дека епохата на постмодерната, втемелена во апологија на принципот на одсредиштеноста – што го воспева отсуството на трансценденталниот означител (татко, бог, логос), за кое радикално сведочи и стихот на Лидија Димковска, посветен на „светот, во кој денес нема ни татко, ни татковина“ – ни самата не успеа сосема да ја порази покровителската фигура на таткото (и неговите симболички супститути), дури и кај писателите и философите со цинична определба.
Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.