Еден од документарно потрепените романи на гореспоменатиот српски писател Бајац, не случајно, го носи, навидум парадоксалниот, но за нашата расправа овде, мошне индикативен наслов „Бегство од биографија, живот во осум имиња“, објавен во 2001 г. и посветен е на куриозитетниот и влијателен српски дејственик на два континенти, Ѓорѓе Шагиќ. Сепак, на оваа, мошне инспиративна тема и парадоксот на „бегството од потеклото и биографијата“, ќе и’ посветам повеќе внимание, во одделен прилог.
Конечно, релацијата, што ја воспоставуваме или градиме кон таткото, и при тоа, секој од нас, индивидуално, и’ даваме дополнителен замав или, пак, напротив, ја блокираме - всушност, открива уште еден аспект од нашиот личен однос кон себеси, сопственото прифаќање или отфрлање: како функција од нашата гордост или срам од корените.
Во таа смисла, станува речит (и, не помалку трагичен) примерот на врвниот писател и интелектуалец Томас Бернхард, кој поради искажаната бескомпромисна критичност кон Австрија и лицемерието, претенциозноста и снобизмот, што владеат во круговите на нејзината ткн. висока култура, честопати, во текот на неговиот кус живот и отворено бил жигосуван (и нескриено тормозен) со етикетата Nestbeschmutzer (како погрдна ознака за оној, што го извалкал гнездото).Слично нему,поради неговото заминување во друга средина, и бугарскиот теоретичар Цветан Тодоров, подоцна, во улога на натурализиран Французин, неретко бил оцрнуван, со помош на нималку ласкавиот, иако речит, атрибут „родо-отстапник“, или, одродбеник.
Бројни се, и неретко трагични по својата судбинска разрешница, токму оние ликови, та и дури колективи – кои кикснуваат и ја пречекоруваат граничната точка на здравото себеприфаќање и себепоимање – одејќи кон автодеструктивната разрешница и фатална битка со ветерниците на сопственото, контингнетно потекло. Некои од тие примери се индикативни во обликувањето на трагично бунтовничката, поетичка и културолошка матрица на
Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.