Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 гласа)
е необичен подарок, и дека неговиот натамошен физички и духовен развој ќе биде најнепосредно поврзан со растот на брезата“ (Прокопиев, Човечулец, 2016:147)

                 Во „Божиќна приказна“, раскажувачот го вклопува својот луциден сон: кога, студеното сениште на смртта, го прогонува и води се’  до надгробниот камен, каде стои запишано токму неговото име - од темницата изнурнува огромен мечок, го совладува сеништето – а потоа – „ќе му падне мечешката кожа и пред нег ќе се покаже неговиот татко, убав и елегантно облечен, како и секогаш“ (2016 :98)

                 Како што тоа може недвосмислено да се види, писмото за Прокопиев има благородна улога и возвишена  мисија  - одржување во живот на семејната меморија, но, исто така, и своевидна реанимација на веќе починатите блиски сродници.      

                „Страниците се’ поретки во последно време што сум ги напишал за татко ми, за дедовците и бабите, за моите предци се делумен обид за нивна реанимација на починатите од моето семејство, обид тие да живеат подолго од нивниот биолошки живот...Моите за мене ја немаат само силата на минатото, нивните животи продолжуваат до денес, кога пишувам за нив, и потоа, кога опстојуваат во текстовите “(2009 :135)

  

                 И како што тоа умее да го изигра само литературата, книжевните фигурации на таткото, и покрај големите и евидентни поетички разлики, што владеат меѓу нив, се покажаа како неочекуван  мост, што може да поврзе еден типичен пост-модернист, како Прокопиев со творештвото на еден типично реалистичен (дури и документаристички настроен) автор како Луан Старова.

 

2.      Таткото: библиофил и чувар на семејната меморија - Луан Старова   

 

                 Повеќетом

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2026