За балканскиот библиофил , Библиотеката не е само привилегиран о академско катче, ниту оаза на неприкосновеното знаење, ерудиција, вечна мудрост.За балканскиот љубител и посветеник на книгите, библиотеката е често само утопија, место на невозможните, а животно важни соништа.Покрај тоа, таткото во романескниот циклус на Старова, особено држи до самиот распоред на своите драгоцени книги (што ги доживува како ќиви суштества), па истиот како аманет им го препушта на својата соппруга, а, подоцна, и на синот професор. Книгите се единствениот имот, што тој ќе ги донесе од своето школување во Цариград, книгите се неговиот алтернативен поредок, што, со текот на времето, прераснува и во култ кон книгата – на моменти, можеби, повеќе сличен на доброволно доброволно заробеништво и опкованост, но, се’ во име на молитвеното задоволство, дека на тој начин, се општи со соговорници, кои се далеку подостојни, одошто оние што ги нуди бедата, неизбежна во мигот на сегашноста.
Во овие (насила) изместени егзистенции, покрај просветителската, книгите одигруваат и големо меморијална мисија.Тоа се врзува за одржувањето на континуитетот на семејната историја – но, уште повеќе, драматично нагласено, кога ќе се земе предвид моментот на егзилот: кога токму тие книги воедно се и единствениот можен пат (или, мост) за враќање (премостување) на истиот тој егзил (откорнатост и исчекор) од првичниот дом и татковина).
Да сумираме, типологија на односот меѓу таткото и неговите потомци – неретко ја содржи, а во помала или поголема мера, ја пр
Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.