Отец, татко, патер

- книжевни фигурации и модалитети на таткото во македонската литература со споредбени примери од балканскиот регион -

4.42   (12 гласа)
ass="MsoNormal" style="margin-bottom:3.75pt;line-height:150%">                   „Мојата библиотека (збогатена најмногу во времето на татко ми) брои над 9500 книги, денес населени во неколку простории и во најразлични „домови“...татко ми беше вистински библиофил и уредно ги каталогизираше книгите според авторите по азбучен ред  (со педантно забаележани податоци за издавачот, преведувачот, авторот на предговорот итн)...Оттаму мојот избор на литературата како животна страст професија доаѓа токму поради постојаната духовна, но и физичка близина на големата семејна библиотека“ (Прокопиев, Нови анти-упатства за лична употреба, 2009:145)

                  Во раскажувачкиот универзум на Прокопиев топло оддишуваат носталгичните сеќавања на гласовите и случките од од семејната куќа, од семејната згриженост и закрила, безбедната стокменост, сосема по вкусот на едно хиперсензибилно и љубопитно момче

                  „Во светот на мојот татко, јас имав свое заштитено, речиси изолирано катче како малечкиот принц на својата мини планета...Тој како искусен ментор умеееше во долгите разговори ...да извлече, да изнуди од мене некоја мисла што во моментот ми се чинеше толку силна  и толку природна и ме правеше горд на себе, како што може да биде еден момчак во раст. Таа негова поткрепувачка татковска особина –ентузијазмот –ми остави и извонредно важни резерви и понатаму, да ме закрепат во мачните периоди (меѓу кои беше и неговото боледување) “ (Прокопиев, Нови анти-упатства за лична употреба, 2009:50)

                 Во еден од своите, метафикционално обликувани записи, нараторот Прокопиев – од една страна го евоцира стројниот (идеализиран) лик на таткото кој поседува магнетска сила, додека, од друга страна, се навраќа на ритуалниот чин (засадувањето бреза како родендендски подарок) –што воспоставува доживотна, анимистичка врска меѓу судбините на синот и моќно извишеното растение. 

                   „Татко му, кој ќе се разболи и наскоро ќе почине, но кој тогаш беше се’уште строен и полн со шарм и гордост, што предизвикуваат доживотни пријателства и опасни непријателства, за роденден му подати малечка брза, што ја засади во бавчата, веднаш под прозоецот на неговата момчешка соба .Тогаш Прокопиев помисли, дека тоа

Сайтът PlovdivLit е творчески продукт на фондация „Пловдив ЛИК” и е обект на авторско право.
Поставянето на хипервръзки към сайта, към издания, рубрики и конкретни текстове в PlovdivLit е свободно.

© PlovdivLit 2026